logo f
|
Пререгистрација на домен

За пререгистрација на доменот потребно е:

Пополнето Барање за домен со чекирање на полето: Регистрација на домен. Барањето треба да биде уредно пополнето со веродостојни податоци и потпишано од овластено лице на правниот субјект односно од лицето регистрант ако станува збор за физички лица.

Кога барањето за домен се поднесува по ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ, се потпишува со електронски/дигитален потпис согласно прописите за електронски потпис кои важат во Р. Македoнија. Во тој случај неопходно е да се достави само копија од извршена уплата за услугата регистрација на домен. Потпишаното барање заедно со потврдата за извршена уплата испратете ги на следната e-mail адреса: registracija@domains.mk.

Во случај правното лице да не поседува електронски/дигитален потпис, барањето за регистрација во оригинал треба да се достави до канцеларијата на УНЕТ. Во прилог на барањето неопходно е да се приложи копија од тековна состојба на правното лице (не постара од 6 месеци, издадена од Централен Регистар на РМ) и копија од извршена уплата за услугата регистрација на домен.

За физички лица барањето се доставува лично во просториите на УНЕТ. Во прилог на барањето потребно е да се приложи лична карта (на увид) и копија од извршена уплата за услугата регистрација на домен. Кога барањето се поднесува по ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ, се потпишува со електронски/дигитален потпис согласно прописите за електронски потпис кои важат во Р. Македoнија. Во тој случај неопходно е да се достави само копија од извршена уплата за услугата регистрација на домен. Потпишаното барање заедно со потврдата за извршена уплата испратете ги на следната e-mail адреса: registracija@domains.mk.


НАПОМЕНА

Регистрантот е должен за настаната промена на податокот, кој се запишува во Регистарот, во рок од 8 дена по писмен или електронски пат да го извести регистрарот преку кој е регистриран доменот од адреса на електронска пошта на регистрантот запишана во Регистарот.

Регистрантот сноси одговарност за евентуална повреда на интелектуалната сопственост (авторско право, индустриска сопственост и друга заштита согласно со прописите кои ја регулираат оваа материја), како и за секоја штета настаната како резултат на таква повреда, а која произлегува од покренување постапка за регистрација на домен или употреба на домен.

Регистрантот одговара за точноста на податоците во барањето и за веродостојноста на приложената документација кон барањето.



Пререгистрирај домен