logo f
|
Унет е првиот македонски интернет сервис провајдер

Унет е првиот македонски интернет провајдер, формиран уште во далечната 1995 год. на 20-ти Април, датум кој официјaлно се смета за старт на интернет комуникацијата во Р.Македонија.

Како прва компанија во Интернет бизнисот во Македонија, Унет преку организирање на семинари, презентации, публикување и дистрибуирање на бесплатен весник, даде огромен придонес во промовирањето на Интернет пристапот на македонскиот пазар. Несоменно забележителна е и улогата на Унет во експанзијата на употребата на Интернет пристапот и на национално ниво, со тоа што во текот на своето работење обезбедуваше пристап во неколку градови низ Македонија.

Како прв и единствен провајдер во државата во периодот на неговото формирање, со мал број на dial up пристапни линии, Унет еволуираше и прерасна во една од поголемите Интернет компании во Македонија. Со рапидни и континуирани промени во технологијата и во организацијата на своето работење како и со појавата на конкуренцијата на пазарот на овој тип на услуги во Македонија, Унет ги постави стандардите за квалитет на интернет сервисите во Р.Македонија.

Од форимрањето до денес, Унет постојано се развива, расте и се усовршува пратејќи ги и имплменетирајќи ги новите трендови, техники и технологии во одредени делови од IT сверата. Фокусиран првенствено на бизнис корисничката група, стремејќи се кон постојано подигнување на квалитетот на своите услуги, Унет прераснува во препознатлива компанија, која иако во последниве години посветено работи на следење, развивање и импелементирање на нови сервиси во интернет бизнисот, поранешните корисници на интернет пристап, го паметат Унет како совесна, посветена, услужлива, професионална компанија чија што основна цел е да им понуди на корисниците оптималани решение од својата палета на услуги, да им обезбеди висококвалитетна и навремена техничка подршка која ќе значи брзо решение на нивните проблеми.

Иако денес примарно фокусиран на други сервиси во интернет бизнисот, Унет и понатаму нуди интернет пристап на локално ниво, на територијата на град Скопје, кој се базира на broadband технологија. Станува збор за custom-изирани интернет решенија пред се за бизнис корисничката група и преку своите point to point линкови им обезбедува брз и квалитетен интернет пристап со загарантирани брзини

Унет Web Development Team e препознатлив во сверата на web дизајнот, има долгогодишно искуство во областа на дизајнот и развојот на web страници и web базирани апликации. Применувајќи ги најсовремените Интернет технологии како што се: FRONTPAGE EXT, ASP, ASP.NET, PHP, Jsp, Servlet, Java Script, XML, Flash, CGI, Perl итн, располагаме со потенцијал за изработка на модерно дизајнирани и програмирани web страници, базно ориентирани web решенија и тоа со примена на различни типови бази на податоци: ( Access, Informix, Oracle, SQL, My SQL )

Преку 2500 (com.mk) домени се регистрирани со посредување на Унет, преку 500 web страници и портали се креирани од страна на Унет. Ние сме креатори на првата Македонска web страна воопшто: http://www.mkd.com.mk

Во 2012 год. година Унет следејќи ги најновите трендови на светските пазари, го надоградува својот дата центар со најсовремена техника и технологија, со димензии и можности истиот да послужи како cloud computing центар од каде што на заинтересираните корисници ќе им ги изнајмува своите IT ресурси, ќе им понуди дедицирани хостинг решенија, виртуелни приватни сервери, заеднички хостинг услуги, backup на нивните податоци, database хостинг решенија, регистрација на домени, услуги на посредување за регистрација на домени, е-маил услуги итн.

Во 2014 година УНЕТ станува официјален регистрар во рамките на националниот домен .mk. Овластувањето за стекнување на право на регистрар му е доделено од страна на МАРнет (Македонска академска истражувачка мрежа).



ДОСТИГНУВАЊАТА НА УНЕТ:

  • Прва Интернет конекција во Македонија
  • Прв регистриран македонски домен (.mk)
  • Прв македонски Интернет пребарувач
  • Прва Македонска веб страна
  • Прво решение за образование на далечина во Македонија
  • Прво е-banking решение
  • Прв е-commerce веб портал
  • Прв македонски ISP со сертификатот за управување со систем за квалитет според ИСО 9001:2000 стандардот
  • Прв Cloud Computing провајдер