Името на доменот НЕ МОЖЕ да се промени.
Регистрарот може да изврши промена во регистарот на домени, по барање на контактот за доменот и тоа:
- ● Промена на податоци за регистрант може да врши регистрант кај регистрар со доставување на писмено Барање за домен.
- ● Промена на адмнистративен контакт може да врши регистрантот или самиот административен контакт.
- ● Промена на технички контакт може да врши регистрантот или самиот технички контакт.
- ● Промена на именските опслужувачи може да врши регистрантот, административниот или техничкиот контакт.
- ● Промена на регистрант може да врши само регистрантот заедно со новиот регистрант.
- ● Регистрантот е единствениот контакт кој е овластен за бришење на доменот.
- ● Промена на идентификатор (клуч) за контакт, не може да се направи.
- ● Идентификатор (клуч) за листата на именски опслужувачи не може да се промени.
- ● Идентификатор (клуч) за сет на клучеви, не може да се промени.
Промени податоци