Системот за регистрација на домени ќе ви испрати порака (потсетување) 30 дена пред датумот на истек на вашиот домен дека доменот треба да се обнови.
Доколку доменот не биде обновен до датумот на регистрација, влегува во заштитен период од 120 дена и во тој период не може да се прави промена на податоците на доменот.
Ако доменот не се обнови во првите 60 дена од заштитениот период, доменот се брише од .mk зоната, но не може да се регистрира од страна на друг регистрант.
По истекот на останатите 60 дена од заштитениот период (или вкупно 120 дена) доменот се брише и може да се регистрира од страна на друг регистрант.
Доколку доменот сакате да го обновите, ќе треба да извршите плаќање за обнова на доменот.
ИЗВРШИТЕ ПЛАЌАЊЕ:
а. ONLINE
б. Cо уплата на трансакциска сметка. Ценовник
Трансакциски сметки
• Сметка број: 200000022953393 – Стопанска Банка АД Скопје• Сметка број: 300000002384393 - Комерцијална Банка АД Скопје
Напомена: Ве молиме при пополнувањето на уплатницата во цел на дознака да го внесете името на доменот за кој вршите уплата.
По извршената уплата, пополнете го Барањето за домен и со копија од извршената уплата испратете го на: registracija@domains.mk.