
Право да регистрираат .mk и .мкд домен имаат сите физички и правни лица.
1. За да се регистрира домен, неопходно е најнапред да се изврши проверка дали доменот е слободен. Провери домен
2. Доколку доменот е слободен, потребно е да се изврши плаќање и да се пополни Барање за домен. Toa може да се изведе на два начина:
а. ONLINE
б. Cо уплата на трансакциска сметка. Ценовник
Трансакциски сметки
• Сметка број: 200000022953393 – Стопанска Банка АД Скопје• Сметка број: 300000002384393 - Комерцијална Банка АД Скопје
Напомена: Ве молиме при пополнувањето на уплатницата во цел на дознака да го внесете името на доменот за кој вршите уплата.
По извршената уплата, пополнете го Барањето за домен и со копија од извршената уплата испратете го на: registracija@domains.mk.
Барањето за регистрација на домен може да се пополни електронски со користење на Adobe Reader.
НАПОМЕНА
Регистрантот е должен за настаната промена на податокот, кој се запишува во Регистарот, во рок од 8 дена по писмен или електронски пат да го извести регистрарот преку кој е регистриран доменот од адреса на електронска пошта на регистрантот запишана во Регистарот.
Регистрантот сноси одговарност за евентуална повреда на интелектуалната сопственост (авторско право, индустриска сопственост и друга заштита согласно со прописите кои ја регулираат оваа материја), како и за секоја штета настаната како резултат на таква повреда, а која произлегува од покренување постапка за регистрација на домен или употреба на домен.
Регистрантот одговара за точноста на податоците во барањето и за веродостојноста на приложената документација кон барањето.
За да се регистрира доменот, неопходно е техничко поставување на именските опслужувачи (DNS сервери).
За корисници кои ќе ги користат DNS серверите на УНЕТ за хостирање на нивниот домен:
- Работно време:
- Од понеделник до петок од 08:00 до 18:00 часот.
Примарен опслужувач: ns.unet.com.mk
Секундарен опслужувач: ns1.unet.com.mk
УЛТРАНЕТ доо Скопје
Бул. Партизански Одреди 70б
Д.Ц. Алуминка, 3-ти кат
1000 Скопје, Република Македонија
телефон: +389 (2) 309 33 39
детални информации: info@domains.mk


