
За да се регистрира доменот, неопходно е техничко поставување на именските опслужувачи (DNS сервери).
За корисници кои ќе ги користат DNS серверите на УНЕТ за хостирање на нивниот домен:
Примарен опслужувач: ns.unet.com.mk
Секундарен опслужувач: ns1.unet.com.mk
Називот на .mk доменот ги содржи следните елементи и ги исполнува следниве услови:
- - Се состои од букви од англиската абецеда (при тоа не се разликуваат мали и големи букви), броевите од 0 до 9 и знакот "-" (тире).
- - Се состои од најмалку 1 (еден) до најмногу 63 (шеесет и три) знаци, првиот и последниот знак не може да биде знакот "-" (тире).
- - Не е дозволено последователно да се појавуваат два знаци "-" (тире).
Називот на .мкд доменот ги содржи следните елементи и ги исполнува следниве услови:
- - Се состои од букви од македонската азбука (при тоа не се разликуваат мали и големи букви), броевите од 0 до 9 и знакот "-" (тире).
- - Се состои од најмалку 3 (три) до најмногу 30 (триесет) знаци, првиот и последниот знак не може да биде знакот "-" (тире).
- - Не е дозволено последователно да се појавуваат два знаци "-" (тире).


