Националниот интернет домен на Република Македонија е врвниот македонски домен .mk, како и кириличниот домен .мкд.
Во рамките на .mk доменот се организираат поддомени кои се нарекуваат секундарни домени. Во секундарните домени во .mk доменот се регистрираат поддомени кои се нарекуваат терцијални домени.
Во врвниот .mk домен се организираат:
- ● Примарен домен .mk
- ● Секундарни домени
- ► gov.mk
- ► edu.mk
- ► org.mk
- ► com.mk
- ► net.mk
- ► inf.mk
УНЕТ како регистрар е овлатен за регистрација на врвните домени .mk и .мкд, како и секундарните домени: edu.mk, org.mk, com.mk, net.mk, inf.mk.
За регистрација на gov.mk секундарниот домен, овластен останува исклучиво МАРнет. (МАРнет правилник)
Право да регистрираат секундарен домен во примарниот домен .mk имаат сите правни и физички лица.
Право да регистрираат терцијален домен во секундарниот домен edu.mk имаат: образовни и научно истражувачки институции, странски образовни огранизации кои имаат дозвола за вршење образовна и научно истражувачка дејност.
Право да регистрираат терцијален домен во секундарниот домен org.mk имаат: непрофитни организации, здруженија на граѓани и фондации, политички партии, синдикати, јавни здрвствени установи, фондови, странски амбасади, непрофитни странски организации кои со меѓународен договор или согласно со закон им е допуштено да вршат непрофитна дејност.
Право да регистрираат терцијален домен во секундарниот домен com.mk, net.mk и inf.mk имаат: трговски друштва, физички лица регистрирани за самостојно вршење дејност, лица со јавни овластувања, коморите на овие лица, задруги, финансиски организации и други физички и правни лица.
Право да регистрираат кириличен .мкд домен имаат сите правни и физички лица.
Бројот кој може да го регистрира еден регистрант е НЕОГРАНИЧЕН.
Домените се регистрираат на период од една до десет години, со право на продолжување по истекот на периодот на кој е регистриран.
Регистрантот одговора за точноста на податоците во барањето и за веродостојноста на приложената документација која се приложува кон барањето за регистрација на домен. Доколку дополнително се утврди дека доставените податоци во барањето се неточни или дека документацијата приложена кон барањето е неверодостојна, регистрарот има право доменот да го избрише без предходна согласност на регистрантот.