logo f
|
ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Во согласност со законската регулатива која ја утврдува оваа област, инфомрациите кои се содржат на оваа веб страница не се класифицираат како заштитени информации и претставуваат информации од јавен карактер, со цел достапност на бараните услуги кои ги нудиме.

Унет како компанија се води од начелата за зашитата на приватноста на своите корисници. Вашите лични податоци ќе се регистрираат само во случај кога доброволно ќе ги оставите.

Сигурност и заштита

Унет ги презема сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои се среќаваме и располагаме, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална нивна злоупотреба. Нашите сигурносни процедури се предмет на редовни контроли и одраз на најновите технолошки достигнувања во оваа област.

Унет преку базата на податоци овозможува увид до сите регистрирани домени, кои ги пријавуваме во МАРнет. Базата на регистрирни домени е во надлежност на МАРнет.

Нашата веб страница не врши автоматко паметење на вашата IP адреса и не ја регистрира вашата посета, ниту пак врши запишување на одредени информации во форма на "Cookies".

Унет Регистрарот, ги заштитува сите лични податоци кои се однесуваат на корисниците на регистраните домени преку Unet, во посебна база на лични податоци и истите ги чува како деловна тајна, а пристап до овие податоци имаат само авторизираните лица, именувани од регистрарот со посебно овластување. Вашите лични податоци нема да се обработуваат во ниту една друга намена освен заради основната цел поради која се добиени.

Сите вработени во нашата компанија се обврзани да ги чуват сите собрани информации и да обезбедат високо ниво на тајност при нивната обработка или ракување. Вашите лични податоци нема да бидат споделувани со други правни и физички лица или државни органи, освен во случаи утврдени со закон или извршна судска одлука.

Унет го задржува правото во секое време да ја променат или дополнат политиката на приватност, а секоја измена или дополнување ќе биде објавено на оваа веб страна.

Доколку имате одредени забелешки или предлози во врска со политиката на приватност на нашата компанија и заштитата на лични податоци, можете да не контактирате на data.protection@unet.com.mk.